ФОТО: Актери, спортисти, доктори, студенти и пензионери се дел од тимот „Македонија“ за поддршка на Иванов

Тимот „Македонија“ застана со силна поддршка за уште еден мандат на Ѓорѓе Иванов.Во тимот членуваат јавни личности, пејачи, актери, доктори, директори, студенти, пензионери, граѓани.

Доктор Аспазија Софијанова ги претстави останатите членови на тимот за поддршка: Александар Шиколе, Дејан Недев, Татјана Баевска Вучковиќ, Борче Ѓорѓиевски, Далибор Јовановски, Рубенс Муратовски, Мики Јованосвки-Џафер, најуспешните студенти од ВМРО-ДПМНЕ, пензионер Љупка Ципушева, Душко Богдановски, Југе Трпевски, Наум Петревски, Рамиз Дураковиќ, Денко Скаловски, Ана Пејковска и многу други.

ssofijanovaa„Иванов покажа дека Македонија може да има претседател кој е пред се човек кој се грижи за сите граѓани. Иницијативата ја покренавме за да дадеме признание за она што Иванов го направи за својот народ изминативе 5 години. Сега, како што тој се залагаше за својата земја, ние се залагаме за него. Народот го препозна тоа и му покажува дека цврсто ќе застане зад него,“ рече Софијанова.

Иницијативата за поддршка на Иванов, прераснува во движење. Народот покажува дека заедно е „тим на Македонија“. Целта на тимот е да мобилизира, да повикува на силна поддршка.

„Сите ние сме тимот Македонија“, заклучи Софијанова.