ФОТО: Албанците бараат Заев да ги исполни ветувањата

„Ти си пример за политичар и гордост за албанците“, „Да си стоиш на зборот да те потсетиме албански да се учи во градинките и во основните училишта“, „Ти си нашиот лидер“…

Ова се дел до коментарите кои што доаѓаат од Албанците, а кои може да се забележат на официјалниот Фејсбук профил на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пишува Курир.

Ваквите пораки доаѓаат по неколкуте потези со кои Заев популистички сакаше да го придобие албанското гласачко тело, ветувајќи работи  кои според експертите се опасни за опстојувањето на државата и губењето на нејзината целовитост.

2

Практично, Заев првиот потег го направи кога во денот кога Македонија жалеше по загинатите полицајци во кумановската акција, тој се сликаше насмеан со жителите на кумановската Дива населба, покажувајќи го знакот на УЧК.

3

Потоа, на митингот на СДСМ пред Владата присуствуваа поголем број на Албванци со знамиња на голема Албанија и поддршка за 113-та косовска бригада, чии команданти беа дел од кумановската терористичка група. Од тоа Заев воопшто не се огради, ниту пак го осуди.

4

Конечно, врвот беше постигнат кога на косовската телевизија обелодени дека се прифатливи предлози кои ќе значат рекомпонирање и федерализација на државата , Заев се заложи за изучување на албанскиот јазик уште од градинка и основно училиште, како и внесување на мултикултурализмот во преговорите за името, што би значело и негово вклучување во решавањето на идентитските прашања.

5

Очигледно дека Заев со ова си направи концесии кон Албанците кои сега го потсетуваат на ветеното и потоа доколку дојде во прилика ќе ја бараат и нивната реализација.

6

7

8 9

10

11