ФОТО: Албанец газда во австриски затвор: Дрога на кило, виски, оружје…

Затвореник од албанска националност ја шокираше австриската јавност со фотографии од својата ќелија на кои се гледа како се расфрла со мобилни телефони, дрога, виски и големи суми на пари.

Албанецот Иљер А. се наоша во вториот по големина затвор во Австрија, каде служи затворска казна заради трговија со наркотици.

Тој, очигледно со уживање, сака на целиот свет, особено на затворските чувари, да им покаже како ужива зад решетки, со иронија ги коментира овие фотографии австрискиот дневен весник „Хојте.“ На објавената фотографија се гледа и масата на Иљер на која се наоѓаат пакетчиња со дрога, пиштол, мобилни телефони, виски и пари. Тука има и „црти“ од кокаин подготвени за консумација.

Веднаш откако овие фотографии се објавени во јавност, затворските стражари до детал ја претресле неговата ќелија, но ништо не пронашле.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.