Македонија,Крими хроника

ФОТО: Албански државјани шверцувале накит и монети

ФОТО: Албански државјани шверцувале накит и монети

Кривична пријава ќе биде поднесена против албанските државјани A.Г. (34), како првопријавен Б.Г. (27) и А.Б. (27), за сторено кривично дело „криумчарење“.

Како што информираат од МВР, тројцата осомничени вчера  во 21,00 часот се пријавиле за излез од држава на граничниот премин „Долно Блаце“. Тие се превезувале со патничко моторно возило марка „Форд Фокус“, со италијански регистарски таблички.

foto shverc blace 1

Возилото било селектирано за дополнителна контрола, ставено на канал и заедно со царинските службеници од Царинската испостава „Блаце“  била извршена подетална контрола на возилото, при што во истото во посебно импровизиран простор во возилото биле пронајдени две пластични кеси. Во едната биле откриени монети како и накит во вкупна тежина од околу половина килограм, а во втората кеса над триесетина парчиња машки часовници со различни марки („Ролекс“, „Патек Филипе“, „Омега“, „Спид Мастер“ и други) како и разни странски валути во различни апоени (англиски фунти, турски лири, канадски долари, австралиски долари…) во вкупна вредност од околу 1.000 евра.

foto sverc blace 3Лицата се приведени и задржани, а постојат индиции дека наведените предмети кои со потврда за привремено одземени предмети биле одземени и дадени на вештачење потекнуваат од други кривични дела.