Видео+Фото: Али Ахмети повреден во сообраќајка

Али Ахмети доживеал сообраќајна на магистралниот пат Кичево-Гостивар и итно е префрлен во тетовската болница, објавија албанските медиуми.

Сообраќајката се случила кај наплатната рампа во близина на Тетово, кога патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регостарски таблици удрило во банкина и излетало од патот, по што се запалило, информираат од МВР.

Во сообраќајната несреќа возачот на „Аудито“ е потешко повреден, додека Ахмети поминал со полесни повреди. Двајцата се пренесени во Клиничката болница во Тетово.

a a1 a2

ФОТО: Tetova 1.com