понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

ФОТО: Алиша Кис и на црвениот килим без шминка

Алиша Кис се разликуваше од поголемиот дел нејзини колешки на доделувањето на МТВ наградите во Њујорк, затоа што во согласност со одлуката што ја донесе пред неколку месеци, и овој пат одлучи да се појави на црвениот килим без грам шминка.

alisa-kiz-3-cover-660x371

Поврзани вести

Алиша Кис се разликуваше од поголемиот дел нејзини колешки на доделувањето на МТВ наградите во Њујорк, затоа што во согласност со одлуката што ја донесе пред неколку месеци, и овој пат одлучи да се појави на црвениот килим без грам шминка.

Таа со својот природен изглед привлече внимание на црвениот килим, а остана доследна на сопствената одлука и кога излезе на сцената за да ја претстави наградата за најдобар музички спот од машки изведувач.

alisa-kiz-cover-1-660x994

Кис во јуни годинава напиша колумна за интернет страницата Лене Данам во која ја објасни нејзината одлука веќе да не користи шминка.

Ми се згрози од константното проценување на жените врз основа на нивниот изглед. Се плашев да излезам од дома без шминка и се грижев за тоа колку фотографи ме уловиле во тоа издание, раскажува Алиша.

alisa-kiz-2-cover-660x990

Таа  открива дека одлуката да ја отфрли шминката била случајна. На снимањето на омотот на нејзиниот албум пејачката дошла од теретана. Иако сакала да се препушти на рацете на професионалниот шминкер пред снимањето, фотографот ја наговорил да застане пред апаратот без шминка.

Најчитани вести