Македонија

ФОТО: Алкохол, провокации и насилство на протестот пред Собрание

ФОТО: Алкохол, провокации и насилство на протестот пред Собрание

Насилните хулигани кои вчера демонстрираа пред Собранието на Република Македонија, од кои дел најверојатно во алкохолизирана состојба се обидоа да направат инциденти на протестот организиран од опозицијата и на кој во првите редови се појави речиси цела опозиција предводена од Радмила Шекеринска, објави „Курир“.

sobranie-3

Иако протестот започна мирно и така се одвиваше, сепак помала хулиганска група очигледно политички инструирана  повторно почна да прави нереди налик на оние од вторникот пред Владата, да мава со стаклени шишиња кон полициските службеници, при што еден од полицајците беше погоден во главата.

 

sobranie-6

Хулиганите носеа маици или превези преку главите и на секој начин се обидуваа да предизвикаат судир со полициските службеници кои останаа воздржани. На фотографиите од вчерашниот протест можат да се забележат разни насилници, кои конзумираат алкохол, а не е исклучено дел од нив да се под дејство и на наркотични средства.

Насилниците покрај тоа што удрија по полицијата, нападнаа и девојче фотограф на една новинска агенција. По завршувањето на протестот пред Собранието хулиганите на СДСМ синоќа нападнаа и автобус на ЈСП. Целата македонска јавност е заложник на вакви насилници, кои партиски мотивирани се обидуваат да направат инциденти и судир со полицијата, се со цело остварување на мрачното сценарио на опозицијата за рушење на легитимните институции.

Синоќешните информациите од терен говореа дека зад насилниците стојат членови на навивачка група наводно финансирана од Општина Центар кои треба да глумат лоши протестанти или уфрлени, а останатите кои се активисти на СОРОС и добар дел од нив работат на проекти на СОРОС, треба да глумат умерени протестанти или таканаречени “деца на цвеќето“.

Познавачите коментираат дека ваквата тактика на СДСМ добар протестант-лош протестант е очајна тактика и слабо алиби за нивните вистински намери за употреба на насилство за за нарушување на редот и поредокот. Оваа глума не поминува кај граѓаните кои го прочитаа лицемерието на Заев.

sobranie-7

sobranie-8

sobranie-9

sobranie-10nova

sobranie-11

sobranie-12

sobranie-13

sobranie-14

nasil

sobranie5-nova

Фото: Курир