Свет

ФОТО: Американец глуми српски четник и убива

ФОТО: Американец глуми српски четник и убива

Триесет и едногодишниот Ерик Метју Фрејн од Пенсилванија глумејќи српски четник од Втората светска војна убил еден полицаец, а уште еден ранил.

Полицијата и граѓаните трагаат по него.

Тој си го сменил физичкиот изглед, но неговата фризура повеќе наликувала на индијанска отколку на четничка бидејќи главата до половина му била избричена.

Повеќе од 150 полицајци трагаат по „четникот“, кој е вооружен со две автоматски пушки и со голема омраза кон органите на редот што датирала уште од 2006-та година. Полицијата го смета за екстремно опасен поради што локалните училишта се затворени.

Фрејн, својата љубов кон четничката униформа ја покажал и со фотографии објавени на неговиот Фејсбук профил.