ФОТО: Ана Еверс е „Манекенка на годината“

Германската манекенка Ана Еверс е прогласена за „Манекенка на годината“ од страна на експертите на модната индустрија, но Ангелите на Викторија сикрет ја освоија публиката.

Со оглед на големиот број на следбеници на социјалните мрежи и популарноста што ја стекнуваат како Ангели на Викторија Сикрет, сосема оправдано се очекуваше дека Кендал Џенер и Џиџи Хадид ќе бидат во потесниот избор за титулата најдобра манекенка во 2015-тата.

ana-evers-1451126484-75972

Но, тие загубија од страна на неочекувана натпреварувачка, девојката од насловната страна на „Вог“  – Ана Еверс.

By @alasdairmclellan for @britishvogue 😍

A photo posted by @annaewers on

Експертите од модната индустрија – стилисти, фотографи и модни уредници – ја прогласија Ана за нивен избор за топ модел, додека Џиџи и Кендал се најдоа веднаш зад неа затоа што го освоија медиумскиот простор.

Thank you!! @mariotestino

A photo posted by @annaewers on

Џиџи е прогласена за ѕвезда на годината на социјалните мрежи, иако има само 10. 4 милиони следбеници на Инстаграм, додека младата полусестра на Ким Кардашиан има 44.3 милиони следбеници.