ФОТО: Анархистите предизвикаа нови инциденти во Атина

Запалени автомобили и канти за ѓубре на плоштадот Егзархија во центарот на Атина е епилогот од синоќешните инциденти, што беа предизвикани од група анархисти со качулки на главите, кои уште еднаш побараа ослободување на сите приведени лица за тероризам, соопштија грчките медиуми, пренесе МИА.

Инциденти имало и во реонот на атинскиот Политехнички факултет, по протестот во кој учествуваа околу илјада анархисти.

grcija_inc_1

Демонстрантите предизвикале материјални штети и врз канцелариите во седиштето на опозициската партија ПАСОК.

Полицијата не интервенирала во растурање на протестот на анархистите.

grc_inc_2

Медиумите информираат дека ова е уште еден насилен протест во центарот на Атина испровоциран од анархистите, кои во последно време бараат  затворање на затворите со особено строг режим, укинување на антитерористичките закони и  пуштање на слобода на роднините на приведените за учество во терористичката организација „Заговор на јадрата на огнот“.

grc_inc_3

Анархистите минатата недела ја окупираа зградата на Правниот факултет во Атина со барање за ослободување на терористот Савас Ксирос, а неколку дена пред тоа ги зазедоа и централните канцелариите во седиштето на партијата СИРИЗА.

фото: ethnos.gr