ФОТО: Архиепископот се поклони на иконата на „Пресвета Богородица“

Иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата, Св. Ѓорги во Трубарево мироточи. Македонската православна црква, по направените анализи го поврди чудото што вчера утрото се случи во оваа црква, пишува порталот религија.мк.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, епископот Хераклејски, Климент, деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓоргевски и архимандритот Агатон, се поколонија пред иконата на „Пресвета Богородица“, со што и официјално го потврдија нејзиното мироточење.

ikona-2

Бог е оној кој чуда прави! Бог во секое време испраќа знаци до својот народ, па еве и сега овде на ова место забележуваме во овие денови на Великиот пост, денови на покајание, чудесно мироточење на иконата на Мајката Божја. Чудата на Бог и на Пресветата Богородица нека ни бидат за покајание и утврдување на верата, велат официјално од Македонската православна црква.

На ликот од иконата на „Пресвета Богородица“ веќе два дена се појавуваат капки налик на вода, или свето миро како што се нарекува во црквата.

Инаку ова не е прв пат вакво нешто да се случува и оваа појава на мироточење од икони е позната во православните цркви. Во МПЦ има регистрирано неколку такви случаи, но обично велат од Црквата за тоа не ја известуваат јавноста.

Повеќе фотографии на Религија.мк.