Македонија

Фото: АРМ и Тодешини на комеморативна церемонија на француските гробишта во Битола

Фото: АРМ и Тодешини на комеморативна церемонија на француските гробишта во Битола

Денеска на француските гробишта во Битола, се одржа комеморативна церемонија на која делегации од Министерствата за одбрана на Република Македонија и на Француската Република, предводени од министерот за одбрана Зоран Јолевски и државниот секретар за поранешни борци и историски настани, Жан-Марк Тодешини положија венци со свежо цвеќе.

Комеморативната церемонија се одржа во чест на паднатите француски војници во Првата светска војна, а се организираше во рамките на дводневната посета на државниот секретар Тодешини на Република Македонија.

Воедно, денеска во Музејот на општина Битола беше отворена и изложба на фотографии за Првата светска војна, од Фондот на Браќата Манаки. По отворањето на изложбата, полковникот Енвер Јакупи од Армијата на Република Македонија, инаку поранешно одбранбено аташе на Македонија во Франција, за неговиот придонес кон унапредувањето на билатералните односи помеѓу двете земји, беше одликуван со Медал за национална одбрана, златен ред.

DSC_9650_resize

DSC_9667_resize

DSC_9797_resize