ФОТО: Автобус удри во бандера, осумина повредени

Осум лица се повредени откако градски автубус со број 50 удри во бандера на аголот меѓу улиците „Браќа Јерковиќ“ и „Воислав Илиќ“ во Белград.

Според информациите од Брзата помош, една жена е потешко повредена, а останатите седум поминале со полесни повреди.

Сите повредени се префрлени на Воено-медицинската академија во Белград.

Инцидентот се случил околу 8:30 часот утрово и станува збор за автобус на приватните превозници.

Според изјавите на возачот, до несреќата дошло отако тој се обидел да го избегне автобусот со број 18 кој се движел кон нив, свртел десно и удрил во бандерата покрај патот.