ФОТО: Автомобил бомба во центарот на Берлин, едно лице загина

Автомобил бомба експлодира во центарот на Берлин, при што најмалку едно лице загина, пишува „Дејли експрес“.

Експлозијата се случила во 8 часот утрово по локално време во предградието Шарлотенбург. Според полицијата експлозијата најверојатно била предизвикана од експлозивна направа сместена во возилото, иако истрагата сеуште е во тек.

berlin-bomba-3

Јачината на експлозијата наводно го кренала автомобилот во воздух, а остатоци од колата има по целата улица Бизмаркштрасе во западниот дел од градот.

Возачот бил најден мртов во возилото. Засега нема информации за други повредени или за други жртви.

berlin-bomba-2

Засега истрагата сеуште е во тек. Полицијата на Твитер објави дека досега не се најдени други експлозивни направи и дека е безбедно да се отворат прозорците.