(ФОТО) Автопатот од Демир Kапија до Смоквица ќе биде вистинско уживање за возење

 

Македонија се гради. Новиот автопат во изградба од Демир Kапија до Смоквица освен што ќе го скрати патот до крајниот југ на Македонија ќе биде вистинско уживање за возење.

Нова патна делница по Kоридорот 10 со должина од 28 километри се гради надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар и поминува низ живописна природа и се одликува со благи кривини и угорнини. Особено се атрактивни шесте моста, кои ќе бидат највисоки во земјава, со кои се премостуваат Вардар и длабоките долови и двата тунела што ги пробиваат карпестите ридови.

На влезот на Демиркаписката Kлисура се гради првиот мост од новиот автопат над надојдениот Вардар и завршува во тунелите кои ја сечат карпата на чиј врв се наоѓа средновековната тврдина Просек. Патот излегува од другата страна и продолжува по вториот мост, кој се издига над вливот на реката Бошавица во Вардар.

galerija-2

– Најпрвин се издигнуваат столбовите, а потоа наизменично од секоја страна се додава по еден сегмент бетонски блок, кој е долг по десетина метри. И така с` додека не се дојде до блоковите од следниот столб. На тој начин, како кај старите кантари, се постигнува баланс на тежината. Ова е многу практичен и брз начин на изградба на мостови, а градежниците на „Актор“ се особено подготвени за оваа работа бидејќи имаат направено повеќе од 20 вакви моста на автопатот Виа Игнација во Грција – изјави инженерот Велизар Томов за „Дневник“.

– Асфалтот ќе почне да се става кон средината на ова лето бидејќи најдобро е да се асфалтира кога температурите се високи. Веќе пробно се асфалтирани два километра од автопатот од страната на Смоквица, каде што трасата е веќе комплетирана, а за целосно асфалтирање ќе биде потребна една година.

galerja-3

По третиот мост следува вториот тунел, кој исто така е пробиен во двата правца и може да се помине низ нив. И овој тунел е долг околу еден километар и во него се работи на внатрешното обложување, најпрвин со водно непропустлива изолација, а потоа со бетон. Тунелите се градат според сите европски стандарди за безбедност, со соодветно осветление и вентилација, а двете цевки меѓу себе се поврзани со попречни премини. На автопатот ќе има и контролна соба од која ќе се следи текот на сообраќајот. Инаку, тунелите беа пробивани со пластичен експлозив затоа што било проценето дека е прескапо да се ангажира специјална машина за дупчење. Над влезовите на тунелите има заштитни мрежи кои ги поставувале австриски инженери со специјална алпинистичка опрема.

Изведувачот особено се гордее на четвртиот и на петтиот мост, кои ќе бидат највисоки и најдолги во државата. Нивните централни столбови се високи 80-ина метри, што е еднакво на висината на зградата на МРТ во Скопје, а должината им е 500-600 метри. Десната лента на петтиот мост е готова и може да се помине преку неа, а при крај е и левата страна на овој мост. Околу 3,5 метри е дебел бетонот на највисокиот свод на мостот, а на краевите дебелината на бетонскиот сегмент изнесува 8 метри.

galerija

Со завршувањето на патната делница од Демир Kапија до Смоквица ќе се комплетира автопатскиот дел од стратегискиот Kоридор 10 на македонска територија. Оваа инфраструктурна артерија нашата земја ја поврзува на север со Европа и на југ со Солунското пристаниште, а дури 70 отсто од увозот и извозот се одвиваат по неа.

 

smokvica
smokvica-1
smokvica-2
smokvica-3
smokvica-4
smokvica-5
smokvica-6
smokvcia-7
smokvica-8
smokvica-9
smokcia-10
smokvcia-11
smokvica-12

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.