ФОТО: Безидејноста на СДСМ ги копира флаерите на Обама

Во текот на вчерашниот ден, Сител објави вест за маркетиншкиот трик од страна на СДСМ со копирањето на програмата на американскиот претседател, Барак Обама, кој во својата предизборна кампања беше фокусиран на средната класа. Токму како резултат на оваа кампања денеска Обама се соочува со константно опаѓање на рејтингот во САД.

СДСМ се послужила со главниот слоган од кампањата на Обама, ги користи и говорите на американскиот претседател како репер во прес конференциите и посетите низ општините. Се користат говорите на Обама со кој исто така шеташе низ Америка со пораката „Борец за средната класа”.

Несериозноста и неостварливоста на мерките, како што посочуваат експертите и политичките аналитичари, фрлаат сенка врз содржината на оваа програма, која со изјавите на првите луѓе на СДСМ се соочи со низа гафови и контрадикторности. Помеѓу мерките неможе да се најде нешто ново со кое СДСМ ќе проба да направи измени во досегашното делување. Се среќаваат мерки кои ги ветувале, а не ги исполниле во предходни програми како на пример враќањето на ДДВ кон граѓаните, како и мерката побогатите да плаѓаат повисок данок што беше и една од меркте на Обама.

Дека, безидејноста во СДСМ е на највисоко ниво досега, покажуваат низата на огласи кои се шират низ профилите на Зоран Заев и СДСМ, а се копија на оние на Барак Обама. Не само главниот слоган за средната класа кој е украден од кампањата на Обама, социјалдемократите се послужиле и со графиката со која се изработувани огласите и флаерите низ социјалните мрежи.

zaev-obama1-500

Преку примерите може да се забележи дека се работи за истиот дизајн и графика на флаерите. СДСМ ни малку не се потрудиле да внесат нешто свое и автентично за партијата туку полесно им било само во целост да ги ископираат флаерите на Обама.