ФОТО: Бик беснееше на бензинска во Куманово

Разбеснет бик денеска ги вознемири граѓаните кои се најдоа на една од бензиските пумпи во градот.

Бикот прво бил виден на автопатот, а подоцна стигнал до пумпата и успеал да влезе внатре.

2

-Прво го сретнав на автопат како неколкумина трчаа по него. Застанав да полнам гориво и кога бев на каса бикот стигна до пумпата. Прво се обидуваше преку стаклото да влезе во ресторанскиот дел, кога дојде кај вратата му се отвори и влезе и ги бутна елките. Бидејки беа лизгави плочките тешко се движеше и покрај фрижидерот за пијалоци влезе во просторот кај тоалетите… раскажува еден очевидец на Фејсбук групата Ѕид на Сообраќајниот срам.