ФОТО: Бил ранет, но нашол време за „селфи“

Исак Мартинез (20), работник во ресторан во Меса, Аризона, вчера се најде среде пукотница, во која загина едно лице, а повредени се петмина.

Мартинез е еден од ранетите. Нему во ресторанот „Бистро 13“ му пришол напаѓачот Рајан Жиро и ги побарал клучевите од неговиот автомобил, јави „Њузер“. Мартинез одбил, по што Жиро го застрелал во рамото и истрчал од ресторанот.

Мартинез исто така, истрчал надвор, ја фотографирал неговата натопена крвава униформа и ја поставил на Снепчет.

– Куршумот ме погоди од грб и помина низ моето рамо, напиша Мартинез на Фејсбук и постави уште еден „селфи“-како лежи ранет во болница.

– Ако куршумот погодеше малку повисоко или пониско, би ја погодил артеријата, додаде Мартинез.