ФОТО: Битолчани ја дочекаа Новата година со Калиопи

Многу забава, прекрасни хитови кои ја раздвижија публиката, преполн плоштад и среќни лица беше синоќешната слика на Плоштадот „Магнолија“ за дочекот на Новата 2015 година, соопшти Општина Битола.

Забавата достигнала кулминација со настапот на Калиопи која изјави дека овој дочек ќе го памети по прекрасната битолска публика и извонредната организација.

– Оваа публика го заслужува најдоброто, а најдоброто се случува кога е се од срце. Јас вчера не ги почувствував ниските температури, бидејќи народот беше мојата топлина. Ја користам оваа прилика уште еднаш на сите да им се заблагодарам и да им ја честитам Новата година – рече Калиопи.

На синоќешниот дочек, точно на полноќ на своите сограѓани Новата Година им ја честита и градоначалникот на Битола,  Владимир Талески.

docek 1 (1)  docek 6 docek 7 docek 8 docek 9 docek 11 docek 15 docek 16 docek 18 docek 24 docek 28