ФОТО: Близначиња се родиле држејќи се за рака

Идентичните близначки Џена и Џилилијан се родиле држејќи се за рака.

Во петокот Сара Тислтвејт родила две женски бебиња, кои во медицината се познати како „моно-моно“ близнаци. Тоа е редок случај кога близнаците се развиваат само ако ембрионот не се подели во првите осум дена по оплодувањето. Вакви случаи има еден на 10.000 породувања.

Поради проблематичната бременост последните два месеци Сара морала да ги помине во болница, а најголемо изненадување за неа било кога двете девoјчиња се родиле држејќи се за рацете и не сакалe да се одвојат. Сара рекла дека ова е вистинско чудо.