Фото: Близнаците наследници на кнежевството Монако, за прв пат во јавност

Тие можеби не се стари ни еден месец, но наследниците на кнежевското семејство во Монако, принцот Жак Оноре Рениер и принцезата Габриела Тереза Марија го имаа својот прв настап во јавноста.

Имено, принцезата Шарлин и принцот Алберт од Монако ги изнесоа бебињата на балконот од кнежевската палата со што ги воодушевија многубројните насобрани граѓани.

Принцот и принцезата во своите раце држеле по едно од бебињата во рацете, ги поздравиле сограѓаните, а потоа ги вратиле децата во палатата да спијат.

princeza-sarlin-i-princ-albert-od-monaka-1420655626-53178

По оваа случка, кралскиот пар заминал на прошетка, а по пат им се заблагодариле на сите кои им посакале најубави желби на нивните наследници.

Инаку, ова било првото јавно појавување на принцезата Шарлин од ноември, а по фотографиите може да се види дека таа се вратила во својот гламурозен и префинет стил. Таа во придружба на својот сопруг Алберт се прошетала низ Монако облечена во кремаст комплет до елегантен капут во иста боја, како и чизми во кремаста боја.

princeza-sarlin-i-princ-albert-od-monaka-1420655626-53179