Спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ веќе е целосно пополнет. Илјадници граѓани уште се наоѓаат пред салата и немаат можност да влезат да ја проследат трибината на ВМРО-ДПМНЕ.
Реки од луѓе од цело Скопје денеска ги преплавија улиците и булеварите кои водат кон СЦБТ. Бројката може да достигне и до 50 илјади граѓани.