Магазин

ФОТО: Божикни деликатеси ширум светот

ФОТО: Божикни деликатеси ширум светот

Божикната трпеза, една од највкусните, целото семејство на маса, среќа, насмевки и многу желби.

Иако љубовта и топлината се основните намирници за пријатна божикна вечера, на трпезата мора да го има и традиционалниот оброк.

Па, зарем можете да си замислите Божик без сармата на баба, кифличките и руската салата на мама и колачињата со светки кои заедно ги подготвувате.

Но, дознајте што се готви за Божик во останатите делови од светот.

1.Coquilles Saint-Jacques, Франција

Coquilles Saint-Jacques (France)

Школки со билки и сирење, според многумина, едно од највкусните предјадења во светот.

 

2. Chiles en nogada, Мексико

Chiles en nogada (Mexico)

Ова празнично јадење се состои од печени пиперки полнети со месо во бел сос од лешници и калинки.

 

3. Feast of Seven Fishes, Италија

Feast of Seven Fishes (Italy)

Каламари, лингвини  со школки, ракчиња, школи  – се само дел од седумте јадења  кои се готват во во чест на раѓањето на Исус.

 

4. Hallacas, Венецуела

Мало спакувано задоволство, мешавина од каперси, суво грозје, пиперки и разновидно месо  завиткани во листови од пченка.

 

5.Zakuski, Русија

Zakuski (Russia)

Мезе со различни вкусови на риба, слатки, солени, кисели, одлични во комбинација со вотка.

 

6. Ceia de Natal, Бразил

Ceia de Natal (Brazil)

Традиционална празнична мисирка, маринирана во шампањско и зачини.

 

7. Sachertorte, Австрија

Sachertorte (Austria)

Заштитен знак на Виена, традиција на секоја божикна трпеза, торта која е одличен спој на чоколадо и џем од кајсии.

 

8. Chicken Bones Candy, Канада

Chicken Bones Candy (Canada)

Бонбони со вкус на чоколадо и цимет со млечен фил во центарот им се омилени и на младите и на старите Кананѓани за време на божикните празници.

 

9. Vitel Toné, Аргентина

Vitel Toné (Argentina)

Ова јадење  во Аргентина го донеле италијанските мигранти  во раните 1800-ти е телешко месо со туна сос и каперси, лесен и вкусен оброк.

 

10. Stollen, Германија

Stollen (Germany)

Колач со експлозивен вкус на рум, суво овошје и шеќер.

 

11. Imbuljuta tal-Qastan, Малта

Imbuljuta tal-Qastan (Malta)

Супа од костени и кокос е традиција за Божик во Малта.

 

12. Porkkanalaatiko, Финска

Porkkanalaatiko (Finland)

Вкусни, зачинети и запечени моркови јадат Финците за празниците.

 

13. Ciorba de perisoare, Романија

Ciorba de perisoare (Romania)

Ќофтиња од месо во вкусна супа од зеленчук.

 

14. Risalamande, Данска

Risalamande (Denmark)

Неодолив пудинг од ориз со бадеми и вишни. Традиционално додека се вари се става цел бадем или мал предмет и тој кој ќе го најде во својата чинија ќе го прати среќа цела година. Слично како паричката што се става во лепче кај нас.

 

15. Hangikjöt, Исланд

Hangikjöt (Iceland)

Зарем има нешто повкусно од димено јагнешко месо во комбинација со црно вино.

 

16. Mince pies, Англија

Mince pies (England)

Мини пити полнети со месо и овошје во Англија се знак дека се ближат празнични гозби.

 

17. Bibingka, Филипини

Bibingka (Philippines)

Сладок десерт подготвен со кокос, сирење и оризово млеко.

 

18. Pavo Trufado de Navidad, Шпанија

Pavo Trufado de Navidad (Spain)

Експлозија од неверојатно добри вкусови, мисирка полнета со тартуфи.

 

19. Kulkuls, Индија

Kulkuls (India)

Индија има мал број на христијани, а тие го прославуваат со Божик со крцкави колачиња со кокос.

 

20. Chicken Soup Avgolemono, Грција

Chicken Soup Avgolemono (Greece)

Супа со пилешко, лимон, јајце и ориз е првиот оброк од грчката божикна вечера.

 

21. Beigli, Унгарија

Beigli (Hungary)

Штрудла со афион е празнична храна која може да се купи насекаде во Унгарија, но највкусна е кога ќе се подготви дома.

 

22. Akoho sy voania, Мадагаскар

Akoho sy voania (Madagascar)

Чорба со пилешко врз сварен ориз е специјалитет во Мадагаскар за празниците.

 

23. Spiced Beef, Ирска

Spiced Beef (Ireland)

Зачинето телешко е традиционален специјалитет во Ирска.

 

24. Bigos, Полска

Bigos (Poland)

Неодолива чорба со различно месо, печурки и зелка е специјалитет кој Полјаците го јадат за време на божикните празници.

 

25. Fried chicken (specifically KFC-brand) and Kurisumasu Keiki ,Јапонија

За престојните празници Јапонците јадат пржено, крцкаво пилешко по успешната кампања на KFC во 70-тите, а потоа се засладуваат со традиционална торта.

 

Среќни и вкусни празници!