ФОТО: Бранко виеше оро во Слатино

Бранко виеше оро во Слатино во петокот. Поранешниот Претседател на СДСМ и на Република Македонија и поранешен премиер, Бранко Црвенкоски, беше ороводец во дебарското село Слатино. Годинава, неговиот син Љупчо Црвенкоски бил кум на манастирот Свети Јован Бигорски, објави порталот „Охрид 1“.

Бранко виеше оро во Слатино, фото: Охрид1
Бранко виеше оро во Слатино, фото: Охрид1

Инаку семејството на поранешниот претседател Црвенковски потекнува од село  Слатино, а по правило кумот на прославата по повод празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, кој воедно е и патрон на манастирот, мора да потекнува од ова село.

Вообичаено на празникот присуствуваа околу 2.000 верници. Меѓу нив беа поранешните пратеници од Скопје, Андреј Петров, Ана Павловска – Данева, Емилијан Станковиќ, членови од Ц.О. од Кичево, поранешниот пратеник Митре Вељаноски итн.

Како што нагласува порталот, на фотографиите е и познатиот бизнисмен Јован Пупе кој е во роднински врски со Црвенкоски, а кој бил и главен организатор на настанот кој поминал во одлична организација и најдобар ред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.