Фото: Брејвик престојува во најхуманиот затвор во светот, еве како изгледа

Во Норвешка се наоѓа затворот Халден, кој неодамна беше прогласен за најхуман во светот.

Затворениците во оваа зграда која чинеше 25 милиони евра имаат многу удобно сместување.

Секоја ќелија има фрижидер, телевизор и бања. Не само што просториите немаат решетки, туку имаат и прозорци, со цел затворениците да имаат повеќе светло.

Заедничката кујна, наменета за 10-15 затвореници ги има сите потребни апарати и уреди.

132557705

Во зградата се наоѓа и студио каде затворениците можат да експериментират и снимаат песни. Исто така, на располагање им е голема библиотека, фитнес центар, ѕид за рекреативно качување, како и првокласна медицинска и стоматолошка услуга.

Инаку, во овој затвор претстојува и Андерс Брејвик, кој отслужува казна затвор од 21 година заради убиство на 77 лица во текот на 2011 година.

132557698_thumb_medium500_333

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.