четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

ФОТО: Британските пратеници збунети – Киану Ривс се појави во парламентот!?

kianu-1

Поврзани вести

Пратениците и вработените во британскиот парламент добија уште едно изненадување деновиве – холивудскиот актер Киану Ривс од никаде им се појави во Парламентот.

Ѕвездата на филмот „Матрикс“ се фотографирал со сите што се нашле во Парламентот – но никој незнаел што прави тој таму, пишува „Дејли Експрес“.


Голем број од пратениците, како да не им беа доволни случувањата по „Брегзитот“, останаа уште позбунети од појавата на холивудскиот актер, па голем дел од нив на социјалните мрежи јавно прашуваа дали некој знае која е улогата на Ривс и што прави во британскиот законодоавен дом.

Сепак, според „Скај“ Киану бил во Парламентот како гостин на пратеникот Надхим Захави, член на Конзервативната партија.

Најчитани вести