ФОТО: Центарци, кумановци и струмичани најприсутни на протестот на СДСМ во Охрид

На протесниот марш на опозицијата во Охрид можеа да се забележат многубројни автомобили кои пристигнаа од општините кои се под контрола на СДСМ.

Како што може да се види од фотографиите испратени од читател, најприсутни на протестот беа партиски членови и вработени од општините Центар, Куманово и Струмица што може да се види и од автомобилите кои беа паркирани непосредно до присутните  на собирот на Заев.

Очајната посета и интерес на граѓаните за активностите на СДСМ,  Заев и раководството ја надополнуваат со мобилизација на вработените од општините кои се под власт на СДСМ. Од друга страна досега веќе објавени беа и сведоштва за жестоки притисоци и закани за откази доколку вработените од овие општини не присуствуваат на протесните собири.

СДСМ по Прилеп, Тетово и Куманово, и во Охрид со притисоци собира луѓе. Тоа е најдобар доказ дека граѓаните не го одобруваат штетното однесување на Заев и СДСМ.

k1

k2

k3

k4

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.