ФОТО: Чавков им врачи решенија за вработување на новите полициски службеници

Новите 400 полициски службеници од генерацијата 2015/2016 денес ги добија решенијата за вработување. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков кој им ги враши решенијата во своето обраќање потенцира дека очекува од нив да направат се за граѓаните да се чувствуваат безбедно и да бидат еднакви кон сите почитувајќи ги законите.

Чавков им врачи решенија за вработување на новите полициски службеници
Чавков им врачи решенија за вработување на новите полициски службеници

Само со стручно осбособени и едуцурани кадри, државата може да се справува со сите предизвици на безбедносен план. Перспективата и сигурната иднина на Република Македонија лежат во енергијата и знаењето на младите кои работат заедно и под будното око на поискусните колеги, а наша заедничка и најголема должност е да обезбедиме владеење на правото и безбедност и сигурност за животот и имотот на граѓаните. Убеден сум дека од денес тие се побезбедни благодарение на квалитетот кој во службата од овој ден го носите вие, истакна Чавков.

Чавков им врачи решенија за вработување на новите полициски службеници
Чавков им врачи решенија за вработување на новите полициски службеници