ФОТО: Четири млади лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа

Четири лица загинаа, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 3. 30 часот недалеку од Ниш во Србија, пишуваат српските медиуми.

Неофицијално, шлепер со турски регистарски таблички налетал на две комби возила кои биле паркирани на помошната лента и ги истуркал од коловозот.

soobr_2

И двете комби возила имале лесковачки регистарски таблички. Телата на жртвите се однесени од местото на несреќата, а во моментов увидот е во тек. Екипите се обидуваат сега да ги тргнат возилата кои што се смачкани по несреќата, а на терен се противпожарните екипи и полицијата.

Според сеуште непотврдени информации, во комби возилата се превезувале лица на возраст од околу 20 години.

Причините за несреќата се утврдуваат.

soobr_3

Инаку, две лица во несреќата се тешко повредени но нема опасност по животот. Возачот на камионот Мехемед З. (62) има повреди на главата.

Исто така, повреден е и 27-годишниот Ј.А. кој бил во едно од комби возилата, но нема опасност по животот.