ФОТО: Четиригодишно дете пронајдено само во пустина, бегало од сириската војна

Припадниците на Обединетите Нации среде Јорданската путина пронашле четиригодишно момче со име Марван.

Момчето само одело низ пустината, а со себе имало пластична вреќа во која му биле неговите работи. Еј-Би-Си јавува дека момчето бегало од Сирија кон границата со Јордан. Се издвоило од група бегалци кои тргнале кон Јоран, а вработените во УНХЦР го вратиле детето на семејството.

HT_syria_crossing_mar_140217_16x9_608

ОН извести дека во Сирија од почетокот на конфликтот загинале 140.000 луѓе. Од земјатасамо од август лани побегнале два милиони луѓе. Бегалците засолниште најмногу барат во Јордан и Турција.