ФОТО: Четворица загинати и 23 повредени во сообраќајка во Грција

Четири лица се загинати, а најмалку 23 се повредени, откако камион предизвикал сообраќајна несреќа на автопатот Игнација во северна Грција, соопштија грчките власти.

Шефот на регионалната управа на противпожарната служба Хрисантос Атанасопулос посочи дека над 35 автомобили учествувале во верижната несреќа.

kamion1-500

Заради работи на патот биле затворени лентите на автопатот во правец на исток и автомобилите биле пренасочувани на 75 километри западно од Солун. Камион, што се приближувал кон местото на пренасочувањето, не ја намалил бризната и се удрил во автомобилот пред него, по што овој се запалил, и удрил во возилата што му доаѓале во пресрет.

kamion2-500

Според пожарникарите, во несреќата загинале две жени и еден маж, а уште едно јагленосано тело било извадено од запалениот автомобил.

kamion3-500

kamion4-500

kamion5-500

kamion6-500

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.