ФОТО: Чилиманов го матираше Борјан Јовановски

Немам срце да му кажам… гласи коментарот на Чилиманов на ставот на Борјан Јовановски дека Брегзит не успеал.

src-640x604

Велика Британија останува во ЕУ! Прв знак дека ЕУ ќе биде посилна по кризата. Брегзит не успеа, ревносно напиша опозицискиот новинар Борјан Јовановски, по што следеше мат од Цветин Чилиманов.

Немам срце да му кажам… гласеше краткиот коментар на Чилиманов, откако утрово стана јасно дека Британците гласаа за напуштање на ЕУ.  Чилиманов на ова додаде “на тие пари што го има нагнетено од ЕУ, нормално дека нема да му се верува“.

Според резултатите од преброените гласови од сите избирачки окрузи, 17.410.742 избирачи или 51,9 отсто се изјасниле за излез на Велика Британија од ЕУ, додека 16.151.241 или 48,1 проценти гласале за останување на земјата во Унијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.