ФОТО: Човекот кој сокриен во картонска кутија помогна во ловот на терористите

Графичкиот дизајнер Лилиан Лепере е херојот кој од печатницата каде работел на полицијата и праќал клучни информации за браќата Куачи откако во средата убиле 12 луѓе во нападот на сатиричниот весник “Charlie Hedbo”.

Убијците Саид и Шериф Куачи не биле свесни дека полицијата го знае секој нивни чекор. Откако во средата убиле 12 луѓе за време на нападот во редакцијата на сатиричниот весник “Charlie Hedbo”, тие се криеле во печатница на околу 30 километри оддалеченост од главниот француски град. Сопственикот на печатницата го земале како заложник, но 27-годишниот работник Лилиан Лепере, се сокрил во картонска кутија од која бил во можност да ја известува полицијата за локацијата на напаѓачите во зградата, пишува Daily Mail.

lilian-lepere-heroj-kartonska-kutija-04

Повеќе од шест часа овој графички дизајнер праќал пораки со клучни информации, а опсадата завршила со крваво пукање во кое браќата биле убиени.

Лепере првата порака од својата “скривница” му ја пратил на својот татко. “Сокриен сум на првиот кат. Мислам дека ги убија сите. Кажи ѝ на полицијата да интервенира”, напишал тој. Потоа воспоставил комуникација со полицијата, а од целата драматична ситуација се извлекол неповреден. Истиот ден добил психолошка помош и бил обединет со своето семејство.

Ослободен бил и заробениот сопственик на печатницата.