ФОТО: Циклонот Пам зема најмалку 44 жртви

Најмалку 44 лица загинаа при удар на тропскиот циклон Пам врз островите во јужниот дел на Тихиот Океан, соопшти Службата на ОН за координација на хуманитрани активности.

Силниот ветер, проследен со пороен дожд, предизикал големи бранови, високи и по неколку метри.

Пам со несмалена жештина се движи во правец југ-југоисток кон Нов Зеланд.

pam1

Австралиското радио Еј-Би-Си, јави дека од циклонот најтешко е погодена островската држава Вануату, каде се и најголемиот број од загинатите. Само во главниот град Порт Вила животите ги загубиле четири лица.

Сите комуникациски врски на Вануату се прекинати, а најголем дел од архипелагот нема ниту струја, ниту вода за пиење.

pam4

Едно лице загина на Папуа Нова Гвинеа, кога дрво откорнато од силниот ветер, паднало врз неговата куќа.

Циклонот ги погоди и Соломонските Острови и Фиџи.

Пам вчера прерасна во циклон од петта категорија, достигнувајќи брзина на ветерот во неговото жаритше од 230 килметри на час.

pam

Поради циклонот откажани се сите летови во регионот, бродовите остнаа вкотвени во пристаништата, а продавниците и јавните институции се затворени.

Сезоната на тропски циклони во јужниот Пацифик трае од почетокот на ноември до крајот на април.