Балкан

ФОТО: Ципрас се плаши од неа, а не од Меркел

ФОТО: Ципрас се плаши од неа, а не од Меркел

Иако многумина сметаат дека грчкиот премиер се плаши само од германската канцеларка Ангела Меркел, според други тој се плаши само од неговата сопруга.

Бети Ципрас, Челичната лејди. Ова е насловот на текстот објавен во француското списание „Париз Меч“, кое има за цел да го сврти вниманието кон сопругата на грчкиот премиерт Алексис Ципрас, пишува „Грик рипортер“.

cipras-se-plasi-od-nea
Бети Ципрас, Челичната лејди.

– Партнерката на Алексис Ципрас функционира како негов постојан потсетник на некомпромизираната совест. Дискретна во своите јавни појавувања, Перистера Базиана има големо влијаие врз премиерот на Грција. Откако се сретанаа во училиште тие се посевтени еден на друг, се вели во написот.

tsipras_Zena
Тајмс: Сопругата ќе го остави Ципрас ако потпише лош договор

Неодамна во медиумите се појави напис со кој се твредеше дека самиот премиер изјавил дека ако прифати лош договор неговата сопруга ќе го напушти, а францускиот магазин се прашува што направила неговата сопруга, откако Ципрас го прифати предлогот на кредиторите, при што се напоменува едноставнит живот на Бети и нејзините надворешни атрибути.

Според магазинот, тешко е да се верува дека Бети немала што да каже во последните неколку денови.