ФОТО: Црвен картон за СДСМ во Велес

Граѓаните на Велес вечерва пратија јасна порака до Зоран Заев и СДСМ и јасно ставија до знаење дека не ја поддржуваат антидржавната политика на опозициска партија која креира сценарио за дестабилизација на сопствената држава.

Бројката на луѓе на денешниот протестен марш на опозицијата во Велес наликуваше на мал партиски собир на една месна заедница, а не на на марш на една опозициска партија која претендира да ја освои власта и која постојано говори дека актуелната власт се тресе и само што не била срушена.

1

Дека опозицијата е далеку од тоа и дека нема поддршка од народот се чини најдобро покажа денешниот собир на социјалдемократите. Какво фијаско доживеа СДСМ во Велес дополнително говори фактот што голем дел од присутните беа симпатизери на партијата пристигнати од Скопје, Куманово и Струмица, кои редовно ги посетуваат собирите на Заев, без разлика во кој дел од државата се одржуваа

3

Велешани вечерва им покажаа црвен картон на Заев и СДСМ дека не застануваат на страната на деструктивната политика, туку прифатлива за нив е опцијата која во нивниот регион носи нови инвестиции, се отвораат нови работни места, невработеноста се намалува преку бројните фабрики отворени изминатиов период, на страната на оној кој прави напори преку конкретни мерки да го подобри животниот стандард.

ФОТО: Курир