(ФОТО) Црвена узбуна, пожар со големина на Лас Вегас ја зафати Калифорнија

Преку седум илјади пожарникари од вчера постојано водат битка со огнената стихија која зафати површина од 140 квадратни километри недалеку од претстолнината на Калифорнија, Сакраменто.

pozar 1

Само 35 отсто од пожарот е угасен, а уништени се десетици домови. Огнот се заканува дека ќе проголта преку илјада куќи, доколку истиот не се локализира.

pozar 2

Очекуваниот ветер со брзина до 50 км на час кој сите толку го посакуваат, а метеоролозите прогнозираат за да ја пренасочи огнената стихија и помогне во гаснењето на пожарот, се уште го нема.

pozar 3

Шефот на калифорниските пожарникари, Скот Меклир изјави дека тие нема да чекаат и гледаат како пожарот ја голта Калифорнија.

pozar 4

„Имаме способни луѓе кои се подготвени за борба со огнот. Оваа ситуација е од најголем приоритет за државата, и искрено се надеваме дека сме дорасната за предизвикот,“ изјави Меклир.

pozar 5

Моментно преку седум илјади пожарникари водат битка со пожарот кој започна од 13 септември и тоа намерно подметнат во пределот Ел Доародо. Се заканува дека ќе уништи 21 илјада градежни објекти од кои половина се куќи.