ФОТО: „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ е новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

„Вози како секое дете на улица да е твое дете“, „Гушни ги децата дома, но врзете ги со појас во автомобил“, „Секое дете заслужува да му се радува на животот“.

Ова се дел од пораките што ги пренесоа познатите личности кои со задоволство прифатија да бидат дел од новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Кампањата ќе се реализира во наредните три месеци во соработка со МВР, МОН, ОБСЕ и единиците на локалната самоуправа.

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Познатите актери Тони Михајловски и Дејан Лилиќ, ракометарите Тимур Дибиров и Столе Стоилов, естрадните ѕвезди Панчо ДНК и Симона Попоска, водителката Татјана Стојановска, се прошетаа низ градските улици држејки ги транспарентите на РСБСП со пораки упатени до сите возачи, да внимаваат на безбедноста на најмалите учесници во сообраќајот, децата.

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Панчо од ДНК верува дека со ваквите кампањи ќе се развие свеста кај возачите и дека на тој начин ќе се намалат сообраќајните незгоди.

Оваа кампања ја прифатив со задоволство и без двоумење. Навистина и тоа како е потребна ваква кампања, чија крајна цел е да ги заштитиме децата, бидејки сите гледаме што се случува во нашите патишта, особено изминативе неколку месеци. Одлична кампања со која треба да се развие свеста кај возачите, само на тој начин ќе се намалаат сообраќајните несреќи во кои за жал има и многу жртви. Никој не треба да брза, секогаш ќе стаса 5 минути подоцна и тоа нема да преставува проблем. Тие 5 минути за кои многумина брзаат и невнимаваат додека ги управуваат автомобилите, можат да завијат во тага цела фамилија. Нашите деца се наше богатство затоа кампањата е одлична и верувам ќе допре до сите луѓе во сообраќајот, истакна пејачот Панчо.

Познатиот фудбалер Дејан Глишиќ, генералниот менаџер на Групер, Нина Ангеловска, водителката Цаци Арсова, Александар Миноски дел од менаџментот на АМСМ, легендата на македонската кошарка Владо Илиевски  исто така се приклучија во кампањата, секој на свој начин упатуваќи пораки за почитување на сообраќајните правила и прописи со кои би се зголемила безбедноста на децата во сообраќајот и на тој начин сите би ја постигнале зацртаната цел, а таа е, нула деца жртви во сообраќајот.

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Генералниот менаџер на Групер Нина Ангеловска истакна дека сообраќајните незгоди не се случајни туку се предизвикани! Живееме брз живот, брзаме да стигнеме на работа, да ги завршиме обврските, да не задоцниме некаде… Но многу е важно во целата трка кога ќе седнеме зад воланот да се сетиме на нашата одговорност и важноста на безбедноста. Пред се на безбедноста на децата во сообраќајот.Изјави Ангеловска за крај.

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Оваа кампања организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја приклучува и Република Македонија во светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите нации се реализира во повеќе од 100 земји низ целиот свет.