Магазин

ФОТО: Дали е ова најфутуристичкиот автомобил во Скопје?

ФОТО: Дали е ова најфутуристичкиот автомобил во Скопје?

Фотографија од навистина прекрасно БМВ, објавена е на Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“, каде корисници од Македонија на оваа социјална мрежа прикачуваат фотки и видео записи од сообраќајни згоди и незгоди ширум земјава.

На фотографијата е напишано: „Фотографирано во Скопје (катна гаража)“.

Моделот на БМВ на фотографијата е најновиот i8, хибриден спортски суперавтомобил. Тоа е најнов модел од 2015 година.

bmvI8

Овој автомобил забрзува од 0 до 100 км/час за само 4,4 секунди, а неговата крајна брзина е 256 км/час. Потрошувачката му е 2,1 литри гориво на 100 км.

bmvi8(A)

Прв пат, како концепт, овој модел БМВ го презентирал во 2009 година на Саемот за автомобили во Франкфурт, Германија, додека верзијата за производство била претставена во 2013 година. Продажбата почнала прво во САД, во август, лани, додека глобалната продажба почнала во јануари, годинава. Досега БМВ продал 2.170 единици i8, а неговата цена изнесува нешто повеќе од 100.000 евра.