Свет

ФОТО: Дали е ова исчезнатиот авион?

ФОТО: Дали е ова исчезнатиот авион?

Сателитски фотографии покажуваат дека исчезнатиот малезиски авион лета над џунгла.

Фотографијата е направена од Tomnod, веб-сајт за пребарување мапи кој  се користи од илјадници ентузијасти кои веруваат дека ќе го пронајдат исчезнатиот авион со 239 патници.

Студент  од Тајван ги објавил фотографиите за кои верува дека е авинот, но автентичноста се’ уште не е верифицирана.

Сликите се објавени во исто време откако неколку селани од Малезија тврдат дека го виделе авионот од летот МХ 370 како лета на североистокот од државата во времето за кое експертите веруваа дека пилотот направил U-вртење.

Mystery: The image was found by an university student in Taiwan

Најмалку девет лица, меѓу кои рибар, фармери и селани во Келантан во Малезија пријавели во полиција дека виделе светлина на небото и дека слушнале звуци на мотор.

Hope: A message of support is displayed at Kuala Lumpur International Airport

И жителите на островот во Дхаалу Атол на Малдивите истакнале дека виделе авионот со облежја на „Малезија Ерлајнс“ во раните часови на осми март. Тој истакнал дека никогаш предходно не видел авион кој летал толку ниско до островот. Ова се поклопува со претпоставките на експертите кои сметаат дека авионот е киднапиран и дека пилотот летал многу ниско за да ги избегне радарите.