Магазин

ФOTO: Даниел Кајмакоски во Аква парк со децата од згрижувачките семејства

ФOTO: Даниел Кајмакоски во Аква парк со децата од згрижувачките семејства

daniel-1000Популарниот Даниел Кајмакоски денеска со дечињата од згрижувачките семејствa го посети Аква паркот во Скопје.

Тој се придружи на акцијата на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“ и ја покажа својата хуманост.

Даниел не ја штедеше својата љубов кон дечињата, играше заедно со нив, а тие беа презадоволни од неговото присуство.

d4-500-Горд сум да бидам Македонец и горд сум што имаме вакви акции и ја покажуваме нашата хуманост. Неколку пати имам речено дека децата се наша иднина, изјави Даниел.

Тој истакна дека треба да се грижиме за децата и да им се помога на секој можен начин и вети дека еден ден ако застане на свои нозе сигурно ќе им помага на младите таленти од Македонија кои како што кажа самиот ги има многу.