ФОТО: Децата на мировниците во мисиите „ИСАФ“ и „АЛТЕА“ добија пакетчиња од претседателот

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска приреди новогодишен прием за децата на припадниците на Армијата на Република Македонија, кои служат во мировните мисии „ИСАФ“ и „АЛТЕА“.

Претседателот на децата им подари новогодишни пакетчиња и им посака Новата година да им биде исполнета со многу здравје, среќа, успех во учењето и радосни детски денови.

dete

Во оваа прилика беше воспоставена и видео врска со македонските мировници во Кабул и Сараево, при што децата имаа можност да ги поздрават своите родители.
Претседателот Иванов на припадниците на АРМ во мисиите „ИСАФ“ и „АЛТЕА“ им ги честита новогодишните и божиќните празници, го поздрави нивниот професионализам и посветеност во извршување на должноста, и им посака многу здравје, среќа и уште поголем успех идната година.

ivanovdetepaketce

Македонските мировници се заблагодарија за упатените честитки од Претседателот и врховен командант на вооружените сили и воедно ги честитаа новогодишните и божиќните празници.

„Мисијата и довербата која ни ја доверивте ќе ја завршиме успешно“, порачаа мировниците од мисијата „ИСАФ“ во име на целиот контингент со желби за среќа, здравје и натамошни успеси во Новата година.

paketcinja

И припадниците на мисијата „АЛТЕА“ во Сараево ја честитаа Новата година на Претседателот, на сите припадници на АРМ и на сите граѓани на Република Македонија и истакнаа дека македонскиот контингент стручно, најсовесно и одговорно ги извршува сите задачи кои произлегуваат од мисијата.

detesoivanov

 
На    Република Македонија, генерал-мајор Горанчо Котески.