Балкан

ФОТО: Дедо монструм сакал да ги силува сопствените внуки

ФОТО: Дедо монструм сакал да ги силува сопствените внуки

Дедо нѐ однесе на таванот за да ни покаже нови играчки. Мене ме допираше и ми велеше дека ми се убави гаќичките, а на сестра ми да биде добра и да си игра. Ми рече да клекнам, но јас не сакав – вака во полиција во присуство на мајка си раскажало петгодишно девојче, кое наводно дедото Р.М.(63) го терал орално да го задоволи.

Својот татко во полиција во Пожаравац го пријавила ќерката Д.М. Таа во пријавата напишала дека на таван го затекнала својот татко со спуштени панталони. До него стоеле нејзините ќерки од 4 и 5 години.

Според нејзините тврдења, татко ѝ бил во пијана состојба кога се обидел да ги обљуби девојчињата. Дедото Р.М. во полиција се колнел дека не е крив и дека ништо не им направил на внуките.

napad-vnuki

Дека Р.М. не е виновен тврделе и неговата сопруга, син и снаа кои живеат во иста куќа.

Од друга страна, соседите на ова ова семејство ѝ веруваат на неговата ќерка бидејќи слушнале дека пред 3-4 месеци сексуално вознемирувал 14-годишно девојче.