ФОТО: Дејвид Бекам ја покажа новата тетоважа

Дејвид Бекам, кој ја надоградува својата колекција на тетоважи од 1999-тата година, повторно отиде „под игла“ и тоа во славниот салон на мајсторот за тетоважи Марк Махнони.

Секогаш е убаво да се седи и да се разговара со Марк и да гледам како работи пет часа. Тој е вистински уметник, напиша Бекам (40) до фотографијата од новата тетоважа на потколеницата.

На цртежот има маж и жена зад кои се виори парче ткаенина.

bekam-tetovaza

Сопругот на Викторија Бекам прв пат се тетовираше во 1999-тата година, откако се роди нивниот син Бруклин.

Истата година го истетовира името на Викторија на санскрит.