ФОТО: „Делии“ фрлија свински нозе по кошаркарите на Галатасарај

Навивачите на Црвена звезда не ги послушаа апелите на клупските и државните официјални лица, кои со денови наназад пред средбата со Галатасарај апелираа да се воздржат од било какви провокативни гестови.

Покрај традиционалното скандирање „Убиј го Турчинот“, кога се во прашање мечевите помеѓу српски и турски тимови, навивачите на Црвена звезда на паркетот фрлија свински нозе.

Завиткани во фолија, две –три се најдоа на паркетот пред играчите на турскиот тим.

delije2-500

Исто така имаше и транспарент со нацртано прасе, кој се најде меѓу навивачите на српскиот тим.

Инаку, мечот помеѓу Црвена звезда и Галатасарај беше програсен за меч од висок ризик, поради убиството на навивач на тимот од Белград во ноември минатата година во Истанбул, во пресрет на нивниот прв меѓусебен дуел во Евролигата.