ФОТО: Демири е новиот македонски милионер

Деветтиот милионер кој својот милион го заработи играјќи Милионер Џек Пот на Државна видео лотарија на Македонија е скопјанецот Демири.

Тој на 19.08.2016  забавувајќи се на видео лотариските терминали на ДВЛМ, освои добивка вредна 1.376.494 денари.

Демири до сега добивал помали и ова е негова прва вредна добивка. Татко е на три деца и вели дека се уште нема одлучено како ќе ги потроши парите.

milioner.jpg2

Тимот на ДВЛМ заедно со летечкиот Македонец Игор Стефановски Иџе во обложувалницата Спорт Лајф го доделија вредносниот ваучер.

До сега вкупно девет лица имаат освоено Милионер Џек Пот, а за да има повеќе добивки треба да имаме и повеќе учесници вели директорот на ДВЛМ, Дане Кузмановски.

-Зголемениот број на учесници во игрите на ДВЛМ, е бидејќи граѓаните видоа дека сме општествено одговорна компанија и дека голем дел од добивката ја пренасочуваме кон оние луѓе на кои им е потребна помош. Тоа се ранливите категории како и младите надежи во Македонија, вели Кузмановски.

milioner.jpg3

Покрај добивките на Милионер Џек Пот, во опција се и добивките од Мини Џек Пот кои се во вредност од 5.000 до 10.000 денари.