Македонија

ФОТО: Демолирана канцеларијата на претседателот Иванов во Тетово

ФОТО: Демолирана канцеларијата на претседателот Иванов во Тетово
Демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов

По народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во Скопје, демолирана е и тетовската канцеларија.

Со ќерамиди и бетон непознати лица утринава меѓу 5 и 5:50 часот ја демолирале канцеларијата на Иванов лоцирана на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

Демолирана народната канцеларија на претседателот Иванов во Тетово
Демолирана народната канцеларија на претседателот Иванов во Тетово

Од СВР Тетово информираат дека биле искршени изложните  и стаклата од влезната врата на канцеларијата, а пред и во внатрешноста на канцеларијата биле фрлени и неколку јајца.

-По наредба на јавен обвинител извршен е комплетен увид, оштетувањата се фотодокументирани и се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите, соопштуваат од СВР Тетово.