ФОТО: Дијана, столбот на семејството Ѓоковиќ!

За семејството Ѓоковиќ многу се пишува, говори и знае, но најмалку, речиси ништо за мајката на Новак, Дијана.

dijana1

Таа има родено три сина, од кои најстариот се наоѓа на светскиот тениски врв. За неа се знае многу малку.

Едноставна во движењето и облекувањето, таа за себе говори како за некоја потполно неважна личност.

Дијана е родена во 1964 година во Белград. Нејзините родители биле воени здравствени работници кои се доселиле во Белград кон средината на минатиот век. Нејзиниот татко бил одбојкар и сметал дека неговата ќерка има тело кое одговара за спортување. Но, со оглед на настаните и обврските кон децата таа не го завршила факултетот, и останале уште три испити. Сега веќе нема намера да се навраќа на тоа, бидејќи како што вели има свое занимање, а тоа се нејзините деца.

dijana2

Четиригодишниот Новак на работниците на тениските терени им носел храна, вода, пијалоци, па со нив се запознал. Почнал да игра со стар рекет. Му рекол на татко му дека сака со тоа да си игра. Срѓан во првата прилика му купил детски рекет и му го подарил.

Започнал да тренира во тенискиот клуб MAX, имал животна среќа прва тренерка да му биде Јелена Генчиќ, која му е всушност тениска мајка. Таа од него создаде ас и една од главните причини поради што Ноле и ден денес реди успеси и победи.

Дијана Ѓоковиќ, мајка на најдобриот српски спортист никогаш не помислила дека нејзиниот син ќе биде тенисер и шампион.

-Ги имам јас и Марко и Џоле, сопруга сум, не се работи само за Новак. Можеби јас сум таа која најмногу настојува да биде цврсто на земја, да не полета. Не можев да замислам дека вака ќе биде, но ете се случи. Новак е се што е и ние сме среќни и горди. Татко му Срѓан го избра името Новак, а пак тој на помалиот брат Марко. За третиот син името го одбрав јас. Новак има свој пат, а Марко и Џорџе се уште го бараат, рекла неговата мајка.