среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

ФОТО: Димитриев на Ифтар вечера во Велес

Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев синоќа во рамки на рамазанските пости синоќа во Велес одржа Ифтар вечера, на која присуствуваше и премиерот Емил Димитриев.

iftar-vecer

Поврзани вести

Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев синоќа во рамки на рамазанските пости синоќа во Велес одржа Ифтар вечера, на која присуствуваше и премиерот Емил Димитриев.

Димитриев  упати честитки до исламските верници за светиот месец Рамазан.

Различностите во Македонија се наша предност и богатство кои треба да ги негуваме, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го препознава од дамнина уште од Крушевскиот манифест, кој е еден од најавтентичните граѓански акти кои нашата организација го има донесено од минатото, како и од политиката која сега ја спроведуваме,потенцира Димитриев.

На дело покажуваме, додаде, дека оваа партија прерасна во граѓанска  партија во која се обединуваат сите етнички структури.

Како верник немам  проблем да  живеам со вистински верници од различни вероисповеди. Мене ме загрижуваат луѓе  кои недоволно ја познаваат верата и се предмет на структури кои не  мислат  на добро  за иднината на земјава. Затоа давам силна  поддршка на учењето на     верските доктрини,  на нормите на сите религии кои егзистираат во  Македонија, бидејќи  тие проповедаат мир, соживот, соработка. Тоа е богатство на Македонија како мултиетничка држава  и треба да го одржуваме, а овој месец нека ви помине со позитивни мисли и добри дела, порача премиерот Димитриев.

Благодарност за организирирањето на Ифтар вечерата  упати Нијаз Мустафовски, оџа од Велес.

Најчитани вести