ФОТО: Димитриев на отворањето на ЕП во Кендо вештини

Премиерот задолжен за спроведување на избрите Емил Димитриев денес присуствуваше на отворањето на европското првенство во Кендо вештини  кое се одржува во Скопје.

На Европското првенство најавено е учество на 485 натпреварувачи од 37 држави, поделени во машка и женска конкуренција. Македонија ќе има свои претставници во двете конкуренции.

На свеченото отворање присуствуваа претседателот на Европската кендо федерација, Алан Докарме и Златко Кексовски, претседател на Македонската кендо и иаидо федерација. Први на борилиштата излегуваат жените.

emil-kendo1-640x429

Од таборот на нашата репрезентација велат дека нашите натпреварувачи се подготвени и  добро се чувствуваат и дека нема повреди.

Боите на Македонија ќе ги бранат: Андреј Атанасовски, Менсур Бојда, Владимир Кесковски, Матеј Ивановски, Илија Андреевски, Матеј Јошевски и Марија Манасиевска.

Кендо претставува јапонска боречка вештина на мечување со долг меч, наречен шинаи, кој ја заменува вистинската катана во борбите со противник. При вежбање и натпревари се користи заштитна опрема наречена богу, која се состои од карактеристична заштита за лице, ракавици и заштита за тело.